Transcendental Meditation

Macedonia: Learn Transcendental Meditation (TM)

Macedonia Transcendental Meditation Teachers and TM Centers

National TM website: click here

TM Центар Скопје

Трансцендентална Медитација
Митрополит Теодосиј Гологанов 59/1-6 (наспроти Бугарската Амбасада), 1000 Скопје, Македонија

makedonija macedonia transcendentalna meditacijаАна Филиповска
Телефон: +389 78 761 913
ana@tm.org
Ана Филиповска научи Трансцендентална Медитација (ТМ) на возраст од 14 години и стана учител по Трансцендентална Медитација во 2013 година. Нејзините родители и нејзината сестра, исто така, долг период практикуваат ТМ.  Ана има дипломирано како Архитект инженер на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Таа сега  студира  за Махариши Васту Архитектура (Махариши Стапатја Веда), древен систем за планирање и градење кој се базира на природниот закон. Ана предава Трансцендентална Медитација во Македонија и Албанија, каде што исто така држи часови по Јога Асани, предавања и курсеви за продлабочено знаење од областа на Ведите. Ана е фасцинирана од Махариши Ајурведа , древен и природен здравствен систем кој се базира на превенција и се има здобиено со длабоки теориски знаења но исто така и со практична апликација. Целта на Ана е да ја подигне колективната свест на лугето со тоа да го зголеми квалитетот на животот.

Учење на Трансценденталната Медитација

Првиот чекор е да присуствувате на бесплатното воведно предавање за Трансценденталната Медитација. Тоа трае околу еден час и дава целосен преглед на техниката и на начинот на кој таа се учи. Исто така ќе имате можност приватно да разговарате со учителот во врска со било какви лични прашања и дилеми. Доаѓањето на воведното предавање во никој поглед не ве обврзува да ја научите техниката.

Следен чекор

Курсот се состои од 90-минутни сесии во неколку последователни денови по што следуваат редовни приватни сесии со учителот, како и повремени семинари во текот на првите шест месеци за да бидеме сигурни дека правилно медитирате и ги уживате придобивките од тоа. Веднаш по првата инструкција ќе бидете во можност самостојно да медитирате во удобноста на вашиот дом.

По курсот TM

Трансценденталната Медитација ќе стане дел од вашата дневна рутина во кој пријатно ќе уживате. Сепак, има и многу дополнителни средби на медитантите, викенд курсеви и напредни курсеви за оние што сакаат да учествуваат.

Курсевите се одржуваат од страна на квалификувани учители кои поминале најмалку шест месеци низ целодневни програми за тренинг дизајнирани од Махариши Махеш Јоги, основачот на Трансценденталната Медитација.

Цена на курсот

За да биде учењето на Трансценденталната Медитација достапно за што повеќе луѓе, а истовремено и да ни овозможи да ги покриваме нашите трошоци, цената на курсот е определена во зависност од тоа дали имате редовни примања, како и од животниот стандард во секоја земја. Покрај самиот курс, добивате и шест месечна програма за поддршка, за да ви помогнеме да добиете максимални придобивки од вашата медитација.

Што е Трансценденталната Медитација?

ТМ е ненапорна, едноставна, длабоко ефективна, уникатна форма на медитација која се практикува 20 минути два пати на ден, седејќи удобно со затворени очи. Секој може да практикува Трансцендентална Медитација.

Техниката дозволува активноста на умот да се смири на природен начин се додека не искуси мир, но истовремено е сосема буден. Тоа овозможува стресот и заморот природно да се елиминираат, резултирајќи со поголема енергија, јаснотија и уживање во животот.

Тоа не е религија или филозофија и не бара промена во животниот стил. Не е концентрација, контемплација или набљудување на мислите – ниту пак е вообичаена медитација со мантра. Трансценденталната Медитација нема да ги попречи вашите постоечки верувања. Тоа е едноставна ментална техника. Праксата не доаѓа во конфликт со било кои верувања, религии или слично, а во исто време луѓето често изјавуваат дека редовната медитација дава јаснотија и перспектива на нивните највисоки стремежи.

Како функционира

Трансценденталната Медитација му овозможува на умот да се смири внатрешно и да премине преку мислата, да го искуси изворот на мислата – чистата свест, исто така позната како трансцендентална свест. Ова е најмирното и најтивкото ниво на свеста – вашето најдлабоко внатрешно Себство. Во оваа состојба на одморна будност, вашиот мозок функционира со значително поголема кохеренција и вашето тело добива длабок одмор.

Како ТМ се разликува од другите техники

За разлика од другите техники, ТМ техниката не вклучува концентрација, контемплација или контрола на вашиот ум. Таа е ненапорна и пријатна и може да се практикува удобно седејќи. ТМ техниката му овозможува на вашиот ум лесно да трансцендира, да се смири во внатрешноста, во изворот на мислата – а тоа претставува природна состојба на чистата свест и одморната будност. Ова автоматско само-трансцендирање е уникатна карактеристика на ТМ техниката. Другите форми на медитација може да предизвикаат ефекти во одредени области, но само ТМ-от, како што е докажано во стотици студии, резултира со моментални и долгорочни придобивки за здравјето на умот и телото.

Most popular

No posts found.